Срам за УЕФА: На Чеферин му снема медали за клучните играчи на Тотенхем (ВИДЕО)

352
Фото: Принтскрин/https://www.reddit.com/

Незаборавен гаф на УЕФА за време на церемонијата на доделување на медалите за победниците во Лигата на Европа. Тотенхем го освои својот прв трофеј по 17 години, победувајќи го Манчестер Јунајтед со 1-0 во Билбао. Играчите и навивачите бурно го прославија историскиот триумф, но тој беше расипан од организаторот на натпреварувањето во кое победија.

Фудбалерите и тренерскиот персонал на Тотенхем се редеа за да ги примат победничките медали од Александар Чеферин, претседателот на УЕФА. Словенецот ги подели, но кога дојде редот на Сон Мин, Кристијано Ромеро и Родриго Бентанкур, тој остана без медали.

Така, тројца клучни играчи на Спарс не го добија своето тешко заработено признание. Гледајќи дека нема медали за триото на Спарс, Чеферин разговараше со луѓето за протоколот, но УЕФА очигледно немаше доволно медали за победниците, па капитенот Сон, Ромеро и Бентанкур мораа да се задоволат само со ракување со Чеферин наместо медали.

Англиските медиуми пишуваат за ова како за голем срам за УЕФА бидејќи капитенот на Спарс, Сон, и Ромеро, официјално најдобриот играч на финалето, и Бентанкур, уште еден играч кој одигра одлична игра за трофејот, останаа без медал.

UEFA ran out of medals for Son, Romero and Bentacur
byu/justwannabeehappy insoccer

ПретходноАмериканците ја објавија разликата: Јокиќ беше близу до МВП признанието
СледноРеал сепак го отпиша Модриќ, не се прашува Алонсо!