Србљак поразен на фјучрсот во Србија

50

Македонскиот тенисер Горазд Србљак го заврши настапот на ИТФ фјучрсот Куршумлијска баеа 15 откако во мечот од првото коло загуби од Шпанецот Карлос Гиларди со 2-0 во сетови (64 63). Мечот беше изедначен, а во клучните моменти ривалот успеавше да ги освои потребните поени.

Србљак на турнирот настапи преку квалификациите откако претходно оствари победи во втората рунда против Роман Гаркавенко со 2-0 во сетови (63 64), а во финалето од квалификациите го надигра домашниот тенисер Огњен Миленовиќ од Србија со 2-0 во сетови (60 62).

Според пријавната листа македонскиот тенисер и следната недела го очекува настап во квалификациите на турнир во Куршумлијска бања.

ПретходноЖалбата одбиена, суспензијата на Рудигер остана на шест натпревари
СледноАлкалоид пред историја, ЕХФ потсети: Не го пропуштајте мечот во Скопје!