Тиквеш добива силен спонзор, годишно ќе вложува по милион евра!

3613

Она што деновиве наголемо се прикажува во фудбалската чаршија во Кавадарци, тоа е веќе готово. Имено во Тиквеш влегува турски инвеститор кој има намера да вложува по милион евра годишно, секако дека таа сума за наши услови и не е така мала.

Советот на градот веќе ја почнал постапката за продажба на клубот, а тоа го најави пред две недели и самиот градоначалник на Кавадарци, Митко Јанчев.

Целата процедура е во завршна фаза, поточна таа е готова, само се чека на официјализирање.

Дека намерата на новиот газда или инвеститор е сериозна говори дека планот за реорганизација на ФК Тиквеш е готова. Спортски директор би требало да биде некогашен спортски диртектор на еден скопски клуб, повеќекратен шампион на Македонија. Секако дека на местото шеф на стручниот штаб останува Ѓорѓи Мојсов, а прв човек и натаму ќе биде Миле Масларков.

Дека оваа работа и тоа како е серизна, говори податокот дека планот на летните подготовки е веќе направен и дека истите ќе се одвиваат во Болу (Турција). Се планираат и ангажирање на најмалку 7-8 квалитетни засилувања.

ПретходноУбав подарок за својот 38.роденден: Новак преку Арналди во полуфиналето во Женева!
СледноГатузо се сели во Украина?!