Един Терзиќ на клупата на Фенербахче?!

249

Откако по освојувањето на пехарот во Лигата на Европа, готово сигурно е дека Анге Постекоглу нема да добие отказ во Тотенхем, тогаш јасно е дека пропаѓа можноста Един Терзиќ, некогашниот тренер на Борусија Доертмунд да ја преземе клупата на “спарси“.

Познато е дека во изминатите месеци и тоа како се шпекулираше со такво нешто.

Сепак Терзиќ веројатно ќе се сели на исток, поточно на Босфор. Како што пренесуваат медиумите во Турција, тој е “фатен“ во Истанбул, па логично е дека тамошните медиуми ќе почнат со шпекулации од типот дека Терзиќ би можел да го наследи Жозе Мурињо кој се очекува да си замине од Фенербахче или да добие отказ.

ФОТО: ФЦ Дортмунд/ФБ

ПретходноВлаховиќ му дал 100.000 евра на свој соиграч, со цел да го спаси од коцкарски долгови!
СледноМКК Куманово го “реши“ Работнички и обезбеди пласман во АБА2!