Митровски избран во „Тимот на сезоната“ во Хрватска

390
фото: NK Varaždin (Facebook)

Македонскиот фудбалски репрезентативец Димитар Митровски е избран во „Тимот на сезоната“ во хрватското фудбалско првенство. Хрватскиот фудбалски сојуз ги објави имињата на 11-те најдобри сезонава во тамошниот шампионат, но и добитниците на поединечните награди.

Наградата за најдобар играч му припадна на Марко Ливаја од Хајдук, наградата за најдобар млад играч му припадна на Адријано Јагушиќ, додека најдобар тренер е Гонзало Гарсија од Истра.

Во „Тимот на сезоната 2024/25“ се најдоа:

Марко Маленича (Осијек)

Стјепан Радељиќ (Ријека)

Дарио Марешиќ (Истра 1961)

Роко Јуришиќ (Осиек)

Морис Валинчиќ (Истра 1961)

Тони Фрук (Ријека)

Јосип Мишиќ (Динамо Загреб)

Мартин Батурина (Динамо Загреб)

Марко Ливаја (Хајдук Сплит)

Димитар Митровски (Вараждин)

Марко Пјаца (Динамо Загреб)

ПретходноБакс и Јанис си подале рака за нова соработка!
СледноЕвролига Ф4: Монако го победи Олмпијакос и закажа финале со Фенер