Арсенал тргнува по потписот на Шешко

85

Екипата на Арсенал се вклучува во трката за потписот на Бенџамин Шешко. Младиот словенечки репрезентативец е најновата трансфер мета на „топчиите“.

Управата на Арсенал веќе неколку сезони е во потрага по „класична 9-ка“ која може да биде клучното делче од сложувалката на Микел Артета. Наводно, клубот од Лондон веќе започнал преговори со екипата на Лајпциг за Шешко, кој има откупна клаузула од 80 милиони евра. Шешко е најдобриот стрелец на Лајпциг оваа сезона со 13 погодоци на 33 натпревари.

Освен Шешко на листата на Арсенал се наоѓа и напаѓачот на Спортинг, Виктор Ѓокерес.

ПретходноЕвролига Ф4: Монако го победи Олмпијакос и закажа финале со Фенер
СледноНеапол гори: Наполи е шампион на Италија, Интер со јалова победа (ВИДЕО)