И покрај вестите за негово можно заминување, Јанис Адетокумбо сака да ја продолжи соработката со Милвоки Бакс.
Според изворите блиски до франшизата, на денешниот состанок меѓу управата на Бакс и Адетокумбо биле донесени одлуки за иднината на грчкиот интернационалец, но и на целокупниот тим. Двете страни се согласиле да ја продолжат соработката, но и да работат на зајакнување на тимот за враќање на шампионскиот трон.
По испаѓањето на Милвоки од првата рунда во плеј-офот пристигнаа вести дека Адетокумбо нема иднина во екипата на Бакс и дека Гркот набрзо ќе побара трејд. Како заинтересирани екипи за услугите на Јанис се јавија Оклахома Тандер и Хјустон Рокетс.