Душан Влаховиќ му дал 100.000 евра на свој соиграч, Никола Фаџоли, со цел да го спаси од коцкарски долгови. Имено познато е дека пред две години имаше голема истрага по повод учество во игрите на среќа на одредени платформи, а покрај Фаџоли беше вклучен уште еден некогашен фудбалер на Јувентус. И двајцата беа суспендирани.
Инаку сега Фаџоли е член на Фиорентина, а самиот изјави дека покрај Влаховиќ, парично го помогнале и Фредерико Гати и Раду Драгушан, со ветување дека ќе им бидат вратени со камата.
Треба да се каже дека по деталната истрага, обвинителството во Милано уапси пет лица осомничени за организирање нелегална платформа за обложување. Имињата на Томас де Џакомо и Патрик Фрицер се споменуваат како луѓе кои управувале со целата организација и мрежата на нелегални плаќања, барем така пренесуваат италијанските медиуми.
ФОТО: ФЦ Јувентус/ФБ