И Клоп ќе биде во недела на “Енфилд“ кога Ливерпул ќе го добие пехарот! (ФОТО)

141

Ливерпул во недела, по мечот од последното 38.коло во ПЛ со Кристал Палас, ќе биде крунисан за нов шампион. Ова ќе биде за првпат по цели 35 години “Редси“ да слават заедно со своите фанови ако се знае дека во таа 2020 година поради короната немаше славје.

Интересно е тоа што на “Енфилд“ ќе биде и некогашниот тренер Јирген Клоп. Секако дека присуството на Германецот ќе ги израдува уште повеќе фановите на шампионот.

И јас разбрав дека во недела ќе биде на Енфилд. Одлично“ кусо прокоментира сегашниот тренер на Ливерпул, Арне Слот.

ФОТО: ФЦ Ливерпул/ФБ

ПретходноЃоковиќ ќе игра уште едно финале и ќе се бори за 100-тата АТП титула
СледноЕвролига Ф4: Панатинаикос на колена пред Фенер, Европа ќе има нов шампион