Лазаров: Не сакам момците да чувствуваат притисок! Треба да уживаме во финалето!

206

Екипата на Алкалоид е на чекор до историски трофеј во ЕХФ Европскиот Куп. Актуелниот освојувач на Купот на Македонија во првото „полувреме“ од финалето  против АЕК на гости славеше со четири гола разлика 25-29, и сега останува во недела пред полни трибини во СЦ „Борис Трајковски“ да ја потврди играта и да испише нова историја.

Тренерот Кирил Лазаров пред дуелот е претпазлив. Има на располагање млада екипа која за првпат игра едно европско финале.

„Благодарност за поддршката која ја дававте во текот на целата година, заедно успеавме да стигнеме до финален меч, важен за клубот, но и за македонскиот ракомет. Одигравме еден одличен натпревар во Атина, можам да кажам резултатски за мене неочекувано, имаме одличен резултат од плус четири голови разлика, момците беа на висина на заадачата, она што го договаравме, го исполнија. Со голема предност влегуваме на реваншот. Секогаш сум претплазлив поради нашиот менталитет, од 21 играч, 19 се Македонци, што е важно за македонскиот спорт, но од друга страна чувствувајќи ја атмосферата треба малку порелаксирано да го дочекаме тој меч. Треба да уживаме зошто како играч имам играно финалиња, и имаме повеќе згубени, во Лигата на шампиони. Тоа искуство ми дава предност да ја подготвам екипата, ден пред мечот ќе одиме во карантин, не сакам да бидат под никаков притисок, зошто во недела сакам да го дадат најдоброто од нив, а не се сомневам. Имаше работи кои требаше да ги поправиме, подготвени го дочекуваме овој меч“, изјави Лазаров.

Мечот меѓу Алкалоид и АЕК е закажан со почеток во 20:30 часот.

ПретходноПо препорака на МВР: Беса – Башкими сепак во Кавадарци!
СледноГалевски: Нема да биде лесно, но ќе играме пред наша публика!