Откако вчера и официјално беше потврдено дека Лука Модриќ си оди од Реал Мадрид, дека “кралевите“ немаат намера да му го продолжат договорот на својот капитен и легенда на клубот кој наскоро ќе полни 40 години, почнаа шпекулациите за тоа кој ќе го наследи дресот со бр.10 кој досега беше сопственост на Хрватот.
Реал Мадрид нема намера да ја повлече “десетката“, досега во својата историја никогаш не го направил па нема да го стори и за Модриќ.
Како што пренесуваат медиумите во Шпанија, тројца играчи на Реал биле кандидати за престижната “десетка“, и тоа Мбапе, Ѓулер и Родриго, но изборот паднал на спектакуларниот Килијан кој оваа сезона беше, негова дебитантска, најдобар фудбалер на “кралевите“.
Иако досега тој ја носеше “деветката“, не инсистираше да ја добие по секоја цена од респект кон својот капитен, но сега штом Модриќ го нема и повеќе од јасно е дека во следната сезона Мбапе ќе го гледаме во белиот дрес на Реал со бр.10.
Јамал со “десетката“ во Барселона, а Мбапе со “десетката“ во Реал Мадрид.
ФОТО: Реал Мадрид ФЦ/ФБ