Македонски претставник на полуфиналето од регионалната лига, Партизан – Дубаи

90

Контролорот за судење и актуелен комесар за натпреварување при Кошаркарската федерација на Македонија, Александар Милојевиќ, ќе биде дел од завршницата на Плеј-офот на АБА лигата како официјално делегирано службено лице.

Тој ќе ја извршува функцијата контролор на судењето на првиот полуфинален натпревар помеѓу екипите на Партизан и Дубаи, што ќе се одигра на 26.мај, во Арената во Белград.

Ова претставува уште едно значајно признание за стручноста и професионалноста на нашите спортски работници на меѓународно ниво. Милојевиќ беше единствениот претставник од Македонија во оваа завршница, што дополнително го нагласува угледот кој македонската кошарка го ужива во регионалните кошаркарски кругови.

Со нетрпение се очекува дека следната сезона и наш клуб ќе се приклучи во Првата АБА лига, како логичен чекор напред во развојот и афирмацијата на македонската клупска кошарка.

ПретходноШкупи го освои пехарот во Купот на Македонија за кадети
СледноГрадот под Везув пред “експлозија“: Наполи на чекор до титула, Интер чека кикс на тимот на Конте!