Од 2025/26 со 20 екипи: Партизан и Ц. Звезда и следната сезона во Евролигата! (ФОТО)

446

Во пресрет на денешните полуфинални средби од Ф4 во Дубаи, раководството на Евролигата одлучи од следната сезона најквалитетна европска кошаркарска лига да се зголеми од 18 на 20 екипи. Тоа значи дека ќе има 38 кола место досегашните 36. Најважно за фановите на Партизан и Ц. Звезда, а ги има многу на овие простори, е тоа што српските гиганти и следната сезона ќе бидат дел од оваа лига.

Одлучено е да нема ФИБА “прозори“. Тоа значи дека евролигашките играчи нема да можат да играат за своите селекции во квалификациите за СП.

Во однос на минатата сезона, нови екипи се Дубаи, Хапоел Тел Авив и Валенсија, ќе ја нема Алба која самата се повлече.

Ова се сите 20 екипи кои следната 2025/26 сезона ќе играат во Евролигата:

ПретходноРеал Мадрид: “Gracias, Carlo!“(ФОТО)
СледноАрбтрим Ќира-претседател на Струга ТЛ: Изминатата сезона за нас е разочарувачка, ја преземаме одговорноста!