Пелистер без проблеми до нова победа над Бутел

91
фото: rkeurofarmpelister.com

Ракометарите на Е. Пелистер славеа со 35:26 на денешниот натпревар против Бутел и ја остварија новата, седма победа во плеј-офот во суперлигата. На домашен терен, битолчани одиграа добро во двете полувремиња, не оставајќи простор за гостите од Скопје да приредат изненадување.

Филип Кузмановски и Филип Николов со по десет погодоци беа најефикасени играчи на натпреварот. Во рамките на ова 8. коло, во недела екипата на Охрид го пречекува тимот на Вардар.

ПретходноБрера е нов освојувач на Купот на Македонија за младинци (ФОТО)
СледноВирц го откачил Баерн, сака да заигра на „Енфилд“