Ѓоковиќ ќе игра уште едно финале и ќе се бори за 100-тата АТП титула

2782
фото: The Tennis Letter (X)

Новак Ѓоковиќ се пласираше во финалето на АТП турнирот во женева од серијата 250. Во полуфиналето Србинот го победи Камерон Нори со 6:4, 6:7(5), 6:1 и поведе со 5:0 во нивните меѓусебни пресметки.

Ноле стигна до своето прво АТП финале на земјена подлога од Ролан Гарос 2023 година.

Севкупно, ова ќе биде 143-то финале за Ѓокович на АТП турнејата, а сега оди и на атак на својата 100-та титула утре против Хуркач од Полска.

ПретходноОдбојкарките влегуваат во последната фаза од подготовките пред Сребрената лига
СледноИ Клоп ќе биде во недела на “Енфилд“ кога Ливерпул ќе го добие пехарот! (ФОТО)