Ѓорге Џеков: Ќе вложиме многу труд, борба и посветеност!

139

Младата репрезентација на Македонија до 21 година денеска и официјално ги стартуваше подготовките за претстојните два контролни натпревари со селекцијата на Косово.

Првиот тренинг нашите фудбалери го одработија на стадионот „Борис Трајковски”, во Маџари.  Еден од клучните играчи во одбраната на Силекс и член на младата репрезентација до 21 година, Ѓорге Џеков даде свој коментар за почетокотот на подготовките и двете контролни средби со Косово.

„Верувам дека секој од нас ќе го даде максимумот на овие подготовките, со оглед на тоа што се последни пред почетокот на квалификацискиот циклус за пласман на Е.П. Имаме позитивен период позади нас, одработивме добри подготовки во Анталија. Косово е добра селекција и незгоден противник, но ние сакаме на двата натпревари да оствариме позитивен резултат. Мислам дека покажавме на претходните два контролни натпревари во Анталија дека како селекција поседуваме квалитет. Пред нас се квалификациите за Е.П., верувам дека можеме да се оствариме добар пласман.

Самите тренинзи и подготовки се на едно високо професионално ниво, имаме одлична комуникација и соработка со селекторот и неговиот стручен тим. Ќе вложиме многу труд, борба и посветеност во текот на периодот што следи, а се со една цел, да бидеме максимално подготвени за стартот на квалификациите“. 

Репрезентацијата на Македонија до 21 година на 28 мај, со почеток во 19. часот го игра првиот контролен натпревар со Косово во Приш.

ПретходноИ Аријан Адеми си оди од Динамо Загреб, позната е неговата следна дестинација
СледноНа играч на Севиља му пропадна трансферот, наместо во Серија А ќе заврши во затвор