Вардар нема време за чекање. Не минаа ни 48 часа од освојувањето на Купот на Македонија, за нашиот најтрофеен клуб започна преодниот рок. Голема вест е таа дека одбраната предводена од Немања Матиќ и Фаустин Сенгор е сочувана и дека двајцата кои одиграа фантастично ова а пролет, остануваат во Вардар уште најмалку две години.
Ова го потврди и раководството на клубот со назнака дека и со двајцата се потпишани двегодишни договори.