Галевски: Нема да биде лесно, но ќе играме пред наша публика!

287

Иван Галевски на првата финална средба во Атина беше една од клучните алки на Алкалоид за победата од четири гола. Тој одбрани пет од шест пенали, на крајот зад своето име запиша осум интервенции.

Младиот голман е среќен што реваншот се игра пред домашна публика, верува дека со добро спроведена тактика ќе успеат да испишат историја.

„Како што знаете АЕК е искусна екипа со играчи етаблирани во светскиот ракомет. Иако имаме плус 4 од претходниот меч, нема да биде лесно знаеме каква екипа доаѓа во Скопје. Ја имаме онаа предност која ја немавме претходно, публиката – нашиот осми играч. Ако сме добри и ако го спроведиме она што ни го кажува Лазаров ќе успееме да го подигнеме пехарот, што не е мала работа за клуб кој постои четири години“, изјави Иван Галевски. 

Реваншот е закажан за во недела со почеток во 20:30 часот.

ПретходноЛазаров: Не сакам момците да чувствуваат притисок! Треба да уживаме во финалето!
Следно„Јас пред четири години си подадов рака со Мукаетов, јас сум лојален човек – така сум воспитан“