Дарко Тасевски: Мојот сон е еден ден да бидам главен тренер на Левски!

351

Дарко Тасевски, некогашниот репрезентативец на Македонија, кој беше дел од онаа пријателска средба меѓу ветераните на Бугарија и Македонија, има свој сон.

Имено Тасевски е име кое и тоа како е респектирано кај нашиот источен сосед, пред се поради оние долги години интернационална кариера во Левски, но и во други клубови во Бугарија. Инаку сега е помошник во стручниот штаб на “сините“ од Софија.

Тој деновиве за еден поткаст, кажа што е неговиот сон:

Не кријам дека мојот сон е еден ден да бидам главен тренер, шеф на стручниот штаб на Левски Софија. Исто така посакувам кога ќе се пензионирам од тренерската работа тоа да го сторам во некој клуб на Тајланд“ посочи Тасевски.

Познато е дека Тасевски одигра неколку сезони во таа земја, а таму му се родени и неговите синови, па токму затоа е поврзан и со таа земја.

ПретходноНа играч на Севиља му пропадна трансферот, наместо во Серија А ќе заврши во затвор
СледноСветло на крајот на тунелот за Ансу Фати