Евролига Ф4: Монако го победи Олмпијакос и закажа финале со Фенер

251
фото: Turkish Airlines EuroLeague (X)

Кошаркарите на Монако ќе играат во финалето на Евролигата, откако во полуфиналето го победија Олимпијакос со 78:68, и ќе се борат за трофејот со Фенербахче.

Монако стигна до финалето за првпат во историјата, а Василис Спанулис го предводеше тимот до трофејот во својата дебитантска сезона во Евролигата.

Од друга страна, Олимпијакос не успеа да го скрши проклетството, бидејќи беше прв во лигата и не успеа да стигне до финалето и титулата.

Монако ќе игра финалето на Евролигата во недела во 19 часот против Фенербахче, кој претходно денес го победи актуелниот шампион Панатинаикос со 82:76.

Најефикасен играч во тимот на Монако беше Алфа Дијало со 22 поени и шест скока. Мајк Џејмс имаше 17 поени, седум скока и седум асистенции.

ПретходноМитровски избран во „Тимот на сезоната“ во Хрватска
СледноАрсенал тргнува по потписот на Шешко