Никола Маркоски, е еден од ретките искусни имиња во Алкалоид. Тој заедно со Кирил Лазаров и останатиот стручен штаб, постојано се обидуваат своето големо искуство да го пренесат на останатите ракометари. Знае дека нема да биде лесни, но верува ако одиграат како и секогаш, ќе дојдат до пехарот.
„АЕК е една одлична екипа составена од добри ракометари. Иако имаат минус четири, сигурно нема да се предадат, ќе направат се за да се вратат, да се покажат во најдобро светло. Наше е да ја играме нашата игра, како и на сите претходни натпревари. Го подготвуваме мечот, да го намалиме бројот на нашите технички грешки и со цврста одбрана да стигнеме до нова победа и да стигнеме до историски трофеј за РК Алкалоид“, изјави Маркоски.Маркоски иако е еден од најискусните во таборот на Алкалоид, најави дека нема намера да се пензионира.
„Искрено се надевам дека в недела ќе го кренеме првиот европски трофеј со Алкалоид, но и дека тој нема да ни биде последен. Имам 35 години, но не размислувам за пензионирање. Кога доаѓав во Алкалоид, се договоривме со Кире да го урнам неговиот рекорд и да играм до 43-годишна возраст“, прокоментира македонскиот репрезентативец во таборот на Алкалоид.