Бараж мечот за пополнување на ПМФЛ за следната сезона меѓу Беса и Башкими и дефинитивно се игра на Градскиот стадион во Кавадарци. Ова доаѓа на барање или препорака на МВР, па затоа надлежните во ФФМ овој меч кој решава за тоа кој ќе игра во елитата наредната сезона ќе се игра во Кавадарци.
Истиот е закажан за недела во 17 часот, а ќе го суди Стојанче Трпчевски од Скопје.