РК Алкалоид со апел за навивачите: Да навиваме со срце, да бодриме со почит!

1163

Во пресрет на неделниот реванш од финалето на ЕХФ Европскиот Куп меѓу Алкалоид и АЕК, раководството на нашиот евро претставник преку претседателот на клубот, Горан Минов, испрати апел за навивачите:

Драга публико, почитувани навивачи, наш осми играч на теренот, Во пресрет на финалниот ракометен напревар од ЕХФ Европскиот куп меѓу РК „Алкалоид“ и РК „АЕК“, упатуваме искрен апел до нашите поддржувачи – да jа покажеме љубовта кон македонскиот ракомет и кон ракометниот клуб АЛКАЛОИД со фер и спортско навивање. Да навиваме со срце, да бодриме со почит и да покажеме дека вистинските навивачи се дел од фер-плејот на теренот. Ви благодариме за сета досегашна поддршка и убавите коментари за првиот одигран натпревар против РК „АЕК“. Во недела имаме пред нас уште 60 минути тежок и голем предизвик. Публиката како никогаш до сега имаме потреба да нè бодри, да навива за нас, покажувајќи респект и почит кон гостинската екипа, во духот на фер-плејот. Со нас на трибините во недела ќе биде и нашиот најмлад навивач кој има само 2 години, а единствената официјална навивачка група на РК „Алкалоид“ „Кафетинки“ се вистински пример за тоа како е да се навива гласно, но од срце и со стил! Да бидеме пример за спортска култура кон нашиот тим, гостите и претставниците на европската куќа на ракометот, затоа што спортот не е само борба за победа, туку и празник на почитта, заедништвото и витешката игра.

ДА НАВИВАМЕ ФЕР И СО СРЦЕ: НАПРЕД АЛКАЛОИД!!“.

Инаку трибините на Арената “Борис Трајковски“ ќе биде полни, сите билети за ова историско финале од кое се очекува Алкалоид да дојде до својот прв европски трофеј, се продадени.

Јасно е дека поддршката од фановите за избраниците на тренерот Кире Лазаров ќе биде громогласна.

ПретходноМаркоски: Кога доаѓав во Алкалоид, се договоривме со Кире да го урнам неговиот рекорд и да играм до 43 години
СледноРеал Мадрид: “Gracias, Carlo!“(ФОТО)