Стартува Ф4: Два тима последен пат освоиле титула во Евролига со Перо Антиќ во составот!

187
Фото: Перо Антиќ/Инстаграм

Денеска стартува фајнл-фор завршницата во Евролига, епицентарот ќе биде Абу Даби, картите за овој спектакл веќе одамна се распродадени. Доста интересно е што два од четирите тима кои се најдоа на завршница последен пат го подигнале пехарот кога во нивниот состав била македонската легенда, Перо Анитиќ.

Бранителот на тронот, Панатинаикос на патот до финалето го има Фенербахче, овој меч е закажан со почеток во 17 часот. Во редовите на грчкиот тим настапува охриѓанецот, Чеди Осман, кој беше лидер во редовите на Пао на патот кон Ф4 на последната средба против Анадолу Ефес. Панатинаикос оди по осмата титулата во Евролига, додека пак Фенербахче по втората, единствената ја освои во сезоната 2016/17 кога за овој тим играше поранешниот македонски репрезентативец, Перо Антиќ.

Во второто полуфинале ќе се сретнат Олимпијакос и Монако, мечот е закажан во 20 часот. Францускиот тим се враќа на завршницата после пауза од една сезона. На клупата го има Василис Спанулус, кој за првпат ќе биде на Ф4 како тренер, откако учествуваше на четири турнири како играч.

Противникот на францускиот тим, Олимпијакос има три титули во Евролига, во последните три години е редовен учесник, но никако не успеа да го подигне пехарот, само еднаш стигна до финале. Овој тим последен пат ја освои Евролига во сезоната 2012/2013 кога во составот го имаше токму противничкиот тренер, Спанулис и секако нашиот Перо Антиќ, кој има три титули во Евролига, две со Олимпијакос.

ПретходноПрекин во Оклахома: Кошаркар удри судија и му го раскрвари носот (ВИДЕО)
СледноИ Аријан Адеми си оди од Динамо Загреб, позната е неговата следна дестинација