„Јас пред четири години си подадов рака со Мукаетов, јас сум лојален човек – така сум воспитан“

7004

Кирил Лазаров за време на прес-конференцијата пред реваншот со АЕК во рамките на ЕХФ Европскиот Куп зборуваше за неговите планови со Алкалоид. Тој го истакна системот и концептот кој заедно со генералниот директор на Алкалоид, Живко Мукаетов го поставија кога ја започнаа приказната за подобро утре на македонскиот ракомет.

„Нашиот систем функционира, имаме и одредени слабости, не сакам да се навраќам дека ни недостигаат четири до пет важни играчи во вториот дел од полусезоната. Се надевам дека особено младите играчи нема да бидат премногу импресионирани и дека ќе знаеме да се справиме со тој позитивен притисок.

Јас уште пред четири години си подадов рака со генералниот директор на Алкалоид, Живко Мукаетов, да работиме за доброто на македонскиот ракомет. Концептот е одличен, ми се допаѓа, затоа и се вратив. Имавме проблеми и ќе имаме и во иднина, но ќе продолжиме да работиме во ист ритам. Кај мене зборот е збор, мислам дека сум лојален човек, така сум воспитан од моите родители и ми е мило што имам можност да работам со лојални луѓе како Живко Мукаетов“, изјави Лазаров. 

ПретходноГалевски: Нема да биде лесно, но ќе играме пред наша публика!
СледноМаркоски: Кога доаѓав во Алкалоид, се договоривме со Кире да го урнам неговиот рекорд и да играм до 43 години