Гарначо летово го напушта Олд Трафорд

692

Еден од најперспективните млади фудбалери на светот, аргентинецот Гарначо најверојатно ќе си замине од Манчестер Јунајтед. Според ЕПСН, напаѓачот е незадоволен до статусот кој што го има кај Рубен Аморим, а фактот што португалецот добива доверба од менаџментот на клубот, и ќе биде и понатаму тренер на Јунајтед, прави Гарначи да сака да си замине.

Претставници на клубот и на играчот ќе се сретна на почетокот на следната недела и дефинитивно ќе ги разрешат дилемите.

Гарначо наводно би бесен што одиграл само дваесетина минути од финалето во ЛЕ против Тотенхем, кој што Јунајтед патем го загуби, и тоа е моментот кој ја „прелил чашата“.

За него се заинтересирани според медиумите екипите на Челзи односно Наполи.

Фото: ESPN Garnacho X

ПретходноФлориан Вирц соопштил во Баер: Сакам трансфер само во Ливерпул
СледноМакедонија У21 се подготвува на „Борис Трајковски“, Зенделовски пристигнува вечерва