Милевски го повика Стефан Деспотовски за мечевите со Белгија и Казахстан

988

Македонската фудбалска репрезентација добива засилување во дефанзивната линија. Стефан Деспотовски, екс македонскиот младински репрезентативец, а во моментов играч на ОФК Београд добива повик за дебитантски настап за А репрезентацијата на Македонија.

Селекторот Благоја Милевски се одлучи за десниот бек, кој во исто време може да биде дел и од последната стоперска линија. Игра во континуитет добро за својот клуб, а Милевски решава дел од проблемите, во дефанзивата со неговото присуство.

Никола Серафимов е повреден, а и онака има пет жолти картони па не би бил ниту во комбинација за првиот меч против Белгија. Истиот се игра на 6 јуни на Арената Тодор Проески во Скопје, а три дена потоа одиме во Казахстан на гостински терен.

 

ПретходноМеморијален турнир „Марко Божиновски 9“: Македонија, Катар и Романија дел од учесниците!
СледноПретседателот Омерагиќ на Топ тема: Новиот начин на функционирање на ФФМ на многумина не им одговара