Очекувано: ПСЖ го освои пехарот и во Купот на Франција, сега на ред оној во ЛШ!

386

Зарем некој можеше да помисли дека вечерва ПСЖ во финалето на Купот на Франција ќе пропушти шанса да освои уште еден пехар посебно ако се знае дека за ривал го имаше Ремс.

Четата на Луис Енрике славеше со 3:0 и со тоа дојде, по пехарот во првенството, до трофеј и во ова натпреварување.

Интересно, ПСЖ мечот го започна со својот најсилен состав, само на голот го немаше Донарума. Планот беше да се дојде до што повисоко водство во првиот дел, за да потоа тренерот Луис Енрике повлече дел од играчите ако се знае дека следната сабота тимот од Париз во Минхен го игра мечот на сезоната.Image

Па така Баркола во 16 и 19 минута стрелаше за 2:0, а Хакими до крајот на полувремето погоди за 3:0 и тоа беше тоа од ова финале.

Па така сека ПСЖ оди по третиот трофеј сезонава, по оној во Лигата на Шампионите во сабота против Интер.

ПСЖ е на чекор до триплета.

ФОТО: FC PSG/X

ПретходноМилан со победа за крај на сезоната, а фановите со порака до газдите! (ВИДЕО)
СледноАспас ја однесе Селта во Лига Европа!