Алекс Маркез победи на спринтот на Силверстоун

31
фото: MotoGP (X)

Возачот на Гресини, Алекс Маркез, победи на денешната спринт трка што се одржа во рамките на Големата награда на Велика Британија, седмата трка од годинешното првенство во Мото ГП.

Маркез славеше на Силверстоун пред својот постар брат Марк, кој го доживеа својот прв спринт пораз оваа сезона.

Помладиот Маркез заврши три и пол секунди пред постариот, а на двајцата на подиумот им се придружи Фабио ди Џанантонио од тимот VR46.

ПретходноЕуфорија: Тетекс слави враќање во ВМФЛ! (ФОТО)
СледноРадовиш со екстра значајна победа, Прилеп подобар од Куманово!