Баражи за ВМФЛ: Најинтересно ќе биде во Кавадарци каде Осогово се среќава со Шкендија (А)

348

Денеска од 17 часот се играат трите баражи за пополнување на ВМФЛ. Победниците од овие три средби следната 2025/26 сезона ќе се натпреваруваат во второлигашкото друштво.

Се очекува најинтересно да биде во Кавадарци, каде тимот на Осогово кој заврши на 14.место во ВМФЛ, се среќава со Шкендија Арачиново, тим кој што заврши како првак во северниот регион.

На теренот на Фудбалската федерација на Македонија во Скопје ќе играат Преспа и Слога Виница, додека на стадионот во Ѓорче Петров силите ќе ги одмерат екипите на Големо Коњари и Тетекс.

Да потсетиме, ако во регуларниот дел од овие мечеви нема победник, нема да има продолженија, веднаш ќе се изведуваат пенали.

БАРАЖ МЕЧЕВИ – ДЕНЕСКА (17 Ч)

Кавадарци: Осогово – Шкендија (А)

Скопје: Преспа – Слога (В)

Скопје: Г. Коњари – Тетекс

ФОТО: ГФК Осогово/ФБ

ПретходноЕлиф Елмас не ја крие својата љубов и почит кон Наполи
СледноМеморијален турнир „Марко Божиновски 9“: Македонија, Катар и Романија дел од учесниците!