Попладнево се одиграа трите бараж натпревари за пополнување на Втората лига во Македонија.Пласман во Втората лига за следната сезона обезбедија Шкендија Арачиново, Слога Виница и Тетекс.
Најинтересно беше во Кавадарци, каде пред 5.000 гледачи Шкендија Арачиново со 2:1 успеа да слави против Осогово и со тоа следната сезона ќе игра во ВМФЛ.
Тимот од Арачиново со голот на Ѓорѓиоски во 37.минута од пенал дојде во водство од 1:0. Осогово израмни во 52.минута со голот на Симоски, а победата за Шкендија ја донесе Илјази во 59.минута за 2:1. Со ова во следната сезона во Арачиново ќе се игра второлигашки фудбал.
Додека на теренот на Фудбалската федерација на Македонија, Слога Виница беше и тоа како убедлива против Преспа, славеше со 3:0 и се врати во ВМФЛ.
На стадионот во Ѓорче вистински трилер. Тетекс до 87.минута имаше сигурни 2:0, за да тимот на Г. Коњари со два гола за три минути израммни на 2:2 и мораше да се изведуваат пенали.
А таму во пенал – серијата поуспешни беа фудбалерите на Тетекс кои во следната сезона ќе игра во Втората лига по пауза од само една година.