31-годишниот словачки дефанзивец Михал Пинтер повеќе не е дел од освојувачот на Купот на Македонија, екипата на Вардар. Како што дознаваме, поради неодговорност и недисциплина, клубот решил да го прекине договорот со искусниот дефанзивец.
Пинтер дојде во Вардар како големо засилување во дефанзивната линија, но падна во сенка на двоецот Матиќ-Сегнор, кои беа незаменливи во пролетниот дел од сезоната.