Откако денеска стигна информацијата дека е повикан за следните мечеви на македонската А-фудбалска репрезентација, Стефан Деспотовски попладнево парафираше и нов 2-годишен договор со српскиот Суперлигаш, ОФК Београд.
Десниот бек, кој во исто време може да биде дел и од последната стоперска линија, имаше одлична сезона во Србија и не е случајно што клубот реши да го задржи со нов договор.