Наполи ја освои шампионската титула во Серија А, откако во последното коло на домашен терен славеше против Каљари со 2-0. На адресата на новиот првак стигнаа бројни честитки, една од нив е од македонскиот репрезентативец, Елиф Елмас.
Иако игра за противнички тим од Серија А, Торино, сепак Елмас на својот Инстаграм профил испрати честитка до Наполи. Дресот на овој тим го носеше од 2019 до 2024 година, па љубовта остана голема, иако во последната година не го добиваше посакуваниот статус.