Уф, каков бараж меч во Ѓорче со среќен крај за Тетекс кој по пауза од една година во следната сезона одново ќе игра во Втората лига. Попладнево во бараж мечот со Г. Коњари фудбалерите на Тетекс си играа со нервите на своите фанови. Имаа водство од 2:0 се до таа 87.минута за да за само три минути примат два гола и мораше да се оди на изведување на пенали, а таму Тетекс беше подобар по што следуваше голема еуфорична радост со своите фанови “Војводи“.