ЛШ жени: Арсенал е шампион, во финалето и Македонија имаше свој претставник!

113

Не може во машка конкуренција, па затоа во женска и тоа како може. Се разбира дека тука мислиме на Арсенал, на клубот кој вечерва слави освојување на шампионската титула во женска конкуренција и тоа против Барселона со победа од 1:0 со голот на Блекстениус во 74.минута.

Ова финале се одигра на стадионот “Жозе Алваладе“ во Лисабон.

Инаку и Македонија имаше свој претставник во ова финале. Имено нашата најдобра судијка Ивана Пројковска беше четврти судија, која по мечот доби медал како и сите останати од судискиот тим. 

ФОТО: ФЦ Арсенал/Х

ПретходноРаритет кај дамите: Кошаркарката на Бадел, Кјара Анастасова оствари дабл-дабл со 25 скока
СледноЗаврши бајката на третолигашот: Штутгарт беше пресилен за Арминија и го освои Купот на Германија!