Милан со победа за крај на сезоната, а фановите со порака до газдите! (ВИДЕО)

208

Вечерва на “Сан Сиро“ во меч од последното 38.коло сезонава во Серија А, Милан со 2:0 успеа да слави против Монца. Меч кој речиси да немаше никакво резултатско значење, ова беше сезона за заборав за еден од најголемите клубови во Европа.

Стрелци на головите беа Габиа во 64.минута и Жоао Феликс десет минути подоцна.

За одбележување е фактот дека Флоренци после пауза од една година, поради тешка повреда, вечерва одигра влезе во игра во финишот на средбата и одигра неколку минути.

А што мислат фановите на Милан за се она што се случуваше со клубот за кои навиваат оваа сезона, најубаво се гледа од видеото.

Тие им порачаа на американските газди да си одат дома:

ПретходноНавивачите на Наполи го „тролаат“ Интер…. ковчези, тоалети и некролози со логото на ривалот
СледноОчекувано: ПСЖ го освои пехарот и во Купот на Франција, сега на ред оној во ЛШ!