Модриќ и Анчелоти денеска последен пат на „Сантијаго Бернабеу“ (ФОТО)

319

Денеска за Лука Модриќ и Карло Анчелоти мечот од последното 38. коло во Ла ЛИга против Реал Сосиедад, е последен меч во составот на Реал Мадрид.

Овој натпревар означува крај на една ера, со Модриќ, освојувачот на „Златната топка“ во 2018 година и шесткратен шампион на Лигата на шампионите, кој не го обнови договорот по 13 години и 590 настапи со клубот. Анчелоти, најтрофејниот тренер во историјата на Реал Мадрид со 15 титули, треба да замине за бразилската репрезентација. И покрај сезоната без трофеј, нивното наследство, испреплетено со иконски моменти како „Ла Десима“ во 2014 година, се слави. Модриќ и Анчелоти денеска со пригодна кореографија беа испратени и од фановите на тимот.

ПретходноПројковска денеска дел од судискиот колегиум на женското финале во ЛШ
СледноБританецот Кларк победник на Македонија Опен 2025