Модриќ со солзи се збогуваше со Реал: „Не плачи за тоа што заврши, туку насмевни се затоа што се случи“

3465

Хрватската легедна во дресот на Реал (М), Лука Модриќ (39) денес го одигра својот последен натпревар за Реал Мадрид на „Сантијаго Бернабеу“. Капитенот на Реал Мадрид ќе го напушти клубот на крајот од оваа сезона кога ќе му истече договорот, а се збогуваше со навивачите на Реал Мадрид откако го напушти натпреварот во 87-та минута со овации од целиот стадион.

„Тешко е. Прекрасни моменти. Најголемиот трофеј е мојата љубов сите овие години, немам зборови да ја изразам мојата благодарност, а на крајот ќе кажам една фраза што навистина ми се допаѓа: Не плачи затоа што заврши, туку насмевни се затоа што се случи“, рече Модриќ во својот последен говор на „Сантијаго Бернабеу“.

„Дојде моментот што не го сакав. Многу е тешко. На крајот, најмалку плачев тука… но кога доаѓав на стадионот, во соблекувалната… ми беше многу тешко. Еден незаборавен натпревар? Тешко е да се издвои, но би рекол оној против ПСЖ. Тоа беше неверојатно. Тогаш реков дека ќе ја освоиме Лигата на шампионите ако го поминеме тој натпревар“, рече Модриќ.

ПретходноБаражи: Шкендија (А), Слога (В) и Тетекс официјално следната сезона ќе играат во ВМФЛ!
СледноАнчелоти се збогува со Реал, неговите зборови го расплакаа и Флорентино Перез