Одбојкарите со пораз на првата контрола со Хрватска

53

Машката сениорска репрезентација загуби со 3:0, по сетови 25:19, 25:15 и 25:18, во првиот пријателски натпревар со Хрватска во Марибор, во рамките од подготовките за настапот во Европската Златна лига 2025.

Очекувано, избраниците на селекторот Јошко Миленкоски имаа „тешки нозе“ во првиот контролен меч, кој беше од тренинг карактер и од затворен тип. Во договор меѓу селекторите Македонија и Хрватска одиграа и дополнителен четврти сет, кој го доби противникот со 25:23.

Уште пред заминувањето за Словенија и селекторот Миленкоски, но и репрезентативците потенцираа дека резултатот ќе биде во втор план, а дека она на кое ќе се стави акцент ќе биде темпирањето на формата и воочувањето на слабостите кои екипата ги има во играта. За да види со што располага стручниот штаб им даде шанса на сите 15 одбојкари кои се во составот и се правеа комбинации во играта.

Македонија утре во 17 часот, во „Драш спорт“ во Марибор со истиот противник го игра вториот пријателски натпревар, кој исто така ќе биде зад затворени врати.

ФОТО: ВФМКД/ФБ

ПретходноФОТО НА ДЕНОТ: Вака преполниот “Бернабеу“ му се заблагодари на Лука!
СледноРаритет кај дамите: Кошаркарката на Бадел, Кјара Анастасова оствари дабл-дабл со 25 скока