Најдобрата македонска фудбалска судијка, Ива Пројковска, попладнево ќе биде дел од судискиот тим на финалето на Лигата на шампионите за жени помеѓу Барселона и Арсенал, што ќе се одигра на стадионот Хозе Алваладе во Лисабон. Таа ќе ја има улогата на четврти судија на овој престижен натпревар .
Натпреварот ќе го суди хрватската судијка Ивана Мартинчиќ, која дебитира како главен судија во континентално финале.
Пројковска оваа сезона судеше и на првиот натпревар од четвртфиналето на Лигата на шампионите за жени меѓу Волфсбург и Барселона, одигран на 19 март 2025 година на „Фолксваген Арена“ во Волфсбург.