Доцна попладнево се одиграа два меча од плеј-аутот во машката ракометна лига. Радовиш како гостин славеше против Струга со 26:28. Ова беше екстра значајна победа на радовишани во битката за опстанок.
Се одигра израмнет меч во кој решаваа нијанси, а во самиот финиш гостите има повеќе нерви што се вели и успеаја да дојдат до победата.
Сега Радовиш се наоѓа на 4.место на табелата во плеј – аутот а Стрга падна на петтата позиција.
На вториот меч Прилеп на свој терен со 28:23 го победи Куманово во натпревар во кој домашните беа подобри, и кога беше најпотребно знаеја што сакаат, па на крајот заслужено победија.