Денеска се одиграа полуфиналните натпревари на завршниот турнир во М18 во женска конкуренција. На првата средба екипата на МЗТ Скопје Аеродром беше подобра од Бадел 1862 со 63-49.
Ова беше меч со интересна статистика и дабл-дабл ефекти. Кај МЗТ Скопје. Милосављевиќ запиша 15 поени и 10 скока, додека Алексова со 11 поени и исто толку скокови.
Сепак во центарот на вниманието се најде кошаркарката на Бадел 1862, Кјара Анастасова. Таа оствари ефект кој е ретко може да се види кога станува збор за женската кошарка во Македонија, иако има само 14 години, зад нејзиното име запиша 15 поени и неверојатни 25 скока.
Во финалето МЗТ Скопје ќе игра против Вардар, кошаркарките на овој тим беа подобри од Крива Паланка со убедливи 80-44.