Славје во Барселона: Еспањол го победи Лас Палмас и во последен момент се спаси од испаѓање од Ла Лига!

208

Возбудлив меч, супер интересен и супер важен се одигра на стадионот РЦДЕ во Барселона меѓу домашниот Еспањол и Лас Палмас кој го добија домашните со 2:0. Имено на Еспањол му требаше само победа за да во последното коло успее да избори опстанок. И успеа на радост на своите фанови, кои еуфорично го прославија овој триумф. Бадијала високата победа на Легањес од 3:0 против Вањадолид.

Интересно, до 65.,минута Еспањол беше во Секунда, зошто беше 0:0, но тогаш Пуадо од пенал му донесе водство од 1:0, а во 82.минута Миља ги постави конечните 2:0.

Со овие три бода Еспањол на крајот заврши како 14-ти, а од Ла Лига испаднаа Легањес, Лас Палмас и Ваљадолид.

ФОТО: ФЦ Еспањол/Х

ПретходноУште еден играч на Пелистер се здоби со тешка повреда!
СледноФОТО НА ДЕНОТ: Вака преполниот “Бернабеу“ му се заблагодари на Лука!