Пелистер до крајот на сезоната нема да смета на уште еден ракометар. На денешното полуфинале во младинска конкуренција со повреда се здоби младиот Самоил Ристески. Од клубот известија дека станува збор за скршеница на ногата поради која ќе паузира од пет до шест месеци.
Претходно со тешка повреда се здоби Цветан Кузманоски, тој веќе се опоравува од оперативниот зафат на лигаментите и неговата рехабилитација ќе трае долго со оглед на природата на повредата.