Приказната околу Флориан Вирц и неговиот следен клуб летово заврши уште пред да започне што се вели. Иако за во моментов најдобриот германски играч се интересираше се што е авротитет во европскиот фудбал, сепак, тој многу рано ги разреши сите дилеми.
Сумата од 150 милиони колку што Баер Леверкузен ја бара за него, ќе мора да ја плати тимот на Ливерпул, каде што Вирз соопштил дека сака да замине. Тој лично во клубот ја изразил оваа желба, а информацијата е потврдена и од сосема спротивна страна. Од тимот на Баерн Минхен, од каде што се огласија дека имаат информација дека Вирц исклучиво сака да игра на „Енфилд“.
Со ова, се решава една од големите дилеми кои требаше да бидат тема летово, но Вирц ете реши да ги „разочара“ сите кои планираа со него да ги полнат страниците и едноставно да каже каде сака да игра.
Фото: Florian Virc X