ФОТО НА ДЕНОТ: Вака преполниот “Бернабеу“ му се заблагодари на Лука!

660

Толку беше, како тие 13 години во дресот на Реал Мадрид да минаа за миг. Лука Модриќ денеска, како вистинска легенда и икона на најголемиот клуб во светот се прости од “кралевите“ и тоа со стил.

Ќе остане запаметен како фудбалер со најмногу освоени трофеио во историјата на Реал Мадрид.

А попладнево на мечот од последното коло во Ла Лига, против Сосиедад, ништо не беше поважно од тоа дека ова се последни минути на Хрватот во дресот на Реал Мадрид.

Солзи, емоции до небо и кај него и кај 85.000 фанови на “Сантијаго Бернабеу“.

Се разбира дека ова е фото на денот…

Лука, ти благодариме“….стоеше на гигантскиот видеобим на “Бернабеу“…

Секако дека заслужи.

ФОТО: Реал Мадрид ФЦ/ФБ

ПретходноСлавје во Барселона: Еспањол го победи Лас Палмас и во последен момент се спаси од испаѓање од Ла Лига!
СледноОдбојкарите со пораз на првата контрола со Хрватска