Чави се уште ја нема преболено Барселона

355

Чави го напушти Камп Ноу во мај 2024 година по турбулентен период.

Во својата прва сезона на чело на Барселона, тој го освои шпанското првенство, а во последните месеци од неговиот мандат беше опкружен со негативна енергија и притисок.

Шпанецот нагласи дека е желен за нов предизвик, но дека сè уште чувствува горчина поради целата ситуација, како ја напушти Барселона.

„Нема брзање, но би сакал вистински проект – нешто како: Имате четири години да изградите тим, имате време. Би сакал да работам во Премиер лигата, ја сакам страста таму. Во Шпанија, сè е премногу подредено на резултатот“, изјави Чави за „Атлетик“.

Тој додаде и дека е подготвен повторно да се „жртвува“ за фудбалот, но признава дека не верува дека некогаш повторно ќе го доживее емотивниот ролеркостер што го имаше како тренер на Барселона.

„Подготвен сум повторно да „патам“, но не мислам дека некогаш ќе патам како во Барселона. Таму сè беше премногу емотивно, особено затоа што бев навивач на клубот“, искрен е Чави.

ПретходноПретседателот Омерагиќ на Топ тема: Новиот начин на функционирање на ФФМ на многумина не им одговара
СледноЕХФ со факт кој оди во прилог на Алкалоид: Традиционално победникот од првото финале го подигнал пехарот!