АЕК без најголемата ѕвезда на реваншот против Алкалоид

987
Фото: АЕК/Фејсбук

Останува уште еден ден до вториот финален меч меѓу Алкалоид и АЕК во рамките на ЕХФ Европскиот Куп. Кирил Лазаров и неговите момци имаат четири гола предност од првиот меч и полни трибини на патот до историја. Денеска целиот тим ќе биде во карантина за да младите момци на Лазаров бидат далеку од притисокот што го носи овој дуел за пехар.

Од таборот на АЕК доаѓа добра информација за Алкалоид, во составот за реваншот повторно ќе го нема Жилберто Дуарте. Португалскиот поради повреда не играше на првата средба во Атина, а не успеа да се опорави ниту за втората.

Натпреварот меѓу Алкалоид и АЕК се игра утре со почеток во 20:30 часот во СЦ „Борис Трајковски“.

 

ПретходноЃоковиќ испрати утешителна порака до Јокиќ кој се најде во првата петорка!
СледноАнчелоти му кажал на Модриќ каков е неговиот план против Сосиедад