Готово е. Селта по цели девет години повторно ќе игра во Европа, и тоа во Лигата на Европа. Херој на клубот од Виго е, а кој друг, Јаго Аспас кој го постигна победничкиот гол за Селта на гостувањето кај Гетафе за 1:2.
Претходно за 1:1 Аспас имаше и асистенција.
Па така Селта оваа сезона во Ла Лига заврши на седмото место и заедно со Бетис ќе игра во Лигата на Европа. По завршување на средбата голема беше радоста на играчите и фановите на гостите од Виго.
Вечерва се играа уште два меча од последното коло во Ла Лига. Алавес и Осасуна одиграа 1:1, а Рајо Ваљекано и Мајорка ремизираа без голови.
Со овие резултати од овие два меча токму Рајо ќе игра во ЛК, најголем губитник е составот на Осасуна за која нема Европа.
ФОТО: ФЦ Селта/ФБ